341 филм во трка за Оскар за најдобар филм

341 филм во трка за Оскар за најдобар филмАкадемијата за филмски уметности и наука ја објави листата филмови кои се квалификувале за Оскар за идната година.

Меѓу нив се очекувано наградуваните: “Call Me by Your Name”, “Three Billboards Outside Ebbing Missouri”, “The Post”, “Lady Bird”, “Get Out”, “Dunkirk”, “The Shape of Water”, “Darkest Hour”, “The Florida Project”, “The Big Sick”, “Mudbound”, “Wonder Woman” и уште многу други.

Но, секако, постојат некои филмови кои неизбежно ќе бидат симнати од листата како што напредува процесот на гласање, бидејќи содржи само филмови кои можат да се квалификуваат за категории, но не и неопходните оние кои ќе бидат во разгледување. “Baywatch”, “Justice League”, “The Emoji Movie”, “Chips”, “The Mummy”, “My Little Pony: Friendship is Magic”, “The Book of Henry”, “Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales”, се само некои од филмовите на листата, кои имаат мали шанси да освојат награда, најблаго кажано.

Филмовите кои ќе се квалификуваат мораат да траат повеќе од 40 минути и да бидат изложени театрално на 35мм или 70мм филм или во квалифицирачки дигитален формат.

Номинациите за 90. Оскари ќе бидат објавени на 23 јануари, а церемонијата на доделување ќе биде закажана за 4 март во “Dolby Theater”. Телевизијата ABC ќе ја емитува церемонијата во живо.

Погледнете ја листата со сите номинирани филмови тука.

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *