Avicii: True Stories (2017)

Avicii: True Stories (2017)Во кината од октомври 2017.

 

Жанр: ДокументаренМузички

 

 

 

Година: (2017)

 

Држава: 

 

Режија: Levan Tsikurishvili

 

Дејство:

Avicii: True Stories е неверојатен концертен филм на режисерот Levan Tsikurishvili кој ексклузивно ќе биде прикажан на 26 октомври во одберени светски кина.

Avicii: True Stories говори за неразубавената вистина која се крие зад планетарниот успех, но и контроверзното повлекување на младиот продуцент номиниран за престижната музичка награда Греми, како и композитор и изведувач познат под името Avicii (Тим Берглинг). Проекцијата вклучува и 30 минутен настап од последниот сет на Авичи на Ибица кој го одржа на 26 август 2016 година. Филмот изнесува детали за неговиот живот од самиот почеток, за импозантните успеси и врвови на топ листите, светските хитови и како последица на тоа борбата со лошите психофизички состојби кои се неминовен дел на ваква кариера. Tsikurishvili го следел Берглинг последните четири години снимајќи ги искуствата и размислувањата на Тим при расправите со менаџерите – во дилемите меѓу здравјето и разумот од една страна и притисокот поради огромната заработка од друга страна. Во филмот се појавуваат и колегите од сцената како што се Тиесто, Давид Гета и Нил Роџерс, а Avicii: True Stories го прикажува и нивното доживување на славата и притисоците со кои можат да се идентификуваат успешните изведувачи поради што овој филм станува уште поатрактивен за обожавателите на Авичи.

 

Трејлер:

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *