Bron/Broen aka The Bridge (2011)

Bron Broen aka The Bridge (2011)Мрежа:  

 

Година: (2011)

 

8.6/10

 


Жанр: КриминалистичкиМистеријаТрилер

 

Држава:  |  | 

 

Автори: Hans Rosenfeldt

 

Улоги:

Sofia Helin Saga (31 episodes, 2011-2018)
Rafael Pettersson John (30 episodes, 2011-2015)
Dag Malmberg Hans (28 episodes, 2011-2015)
Sarah Boberg Lillian (25 episodes, 2011-2018)
Rebecka Barkland Body Double Saga / … (21 episodes, 2013-2018)
Kim Bodnia Martin (20 episodes, 2011-2013)
Puk Scharbau Mette (19 episodes, 2011-2013)
Lars Simonsen Jens / … (15 episodes, 2011-2013)
Henrik Lundström Rasmus (14 episodes, 2013-2015)

 

Дејство:

Шведско-данската криминалистичка серија Bron (The Bridge – Мост) е исклучително возбудлив трилер кој гледачите ќе ги држи во напнатост и неизвесност до самиот крај.

Во должина од осум километри, мостот Оресунд е целосно фасцинантен. На површина, тоа е двонасочен автопат, а под него е железница со ултрабрзи возови. Овој мост ги поврзува Данска и Шведска, поточно Копенхаген и Малме. А сценаристот Ханс Розенфелд се досетил на тоа здание да го смести почетокот на серијата Bron (Мост).

Една вечер светлата на мостот ненадејно се изгасиле, а кога повторно се вклучиле, е востановено дека точно на сред мостот, на границата меѓу Шведска и Данска, се наоѓа леш. Полицијата, меѓутоа, наскоро сфаќа дека се во прашање два леша. Убиецот ги преполовил телата на убиените и ги споил во едно тело. Тоа двојно убиство е почеток на дотогаш невиден бран на насилства.

На местото на злочинот се наоѓаат данскиот детектив Мартин Роде и младата Сага Норен, која истата работа ја врши во Малме. Разликата меѓу нив е огромна. Мартин (Ким Бодниа) е полициски ветеран, во трет брак и тукушто извршил вазектомија за да веќе не “прави“ деца, како што се испоставило, сепак предоцна. Наспроти него, Сага (Софија Хелин) има елементи на Аспергеров синдром во однесување, лошо чита и ги толкува емоциите на другите луѓе, не умее да се претвора и често сѐ сфаќа буквално.

Шведската и данската полиција се во трка со времето и во борба со надмоќниот непријател. Очајнички се обидуваат да го пронајдат убиецот кој ги надминува сите граници на злочинот за да ја пренесе својата порака.

Серијата Bron/Broen до сега емитуваше три сезони, а четвртата и последна е најавена за 1-ви јануари 2018 година. Базирано на оваа серија, американците направија свој римејк кој се одвиваше на мостот на американско-мексиканската граница, со серијата The Bridge која се емитуваше од 2013-2014 на каналот FX.

 

 

Трејлер:

Almost time for a reunion with Henrik – the premiere of season 4 draws closer every day.

Публикувахте от Bron – Broen – The Bridge в 13 ноември 2017 г.

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *