La route d’Istanbul aka Road to Istanbul (2016)

Road to Istanbul (2016)Во кината од 2016.

 

Жанр: ДрамаТрилер

 

6.2/10

 

Година: (2016)

 

Држава:  / 

 

Режија: Rachid Bouchareb

 

Улоги:

Astrid Whettnall Elisabeth
Pauline Burlet Élodie
Patricia Ide Julie
Abel Jafri Agent de police turc
Fawzi B. Saichi Rabatteur (as Faouzi Saichi)
rest of cast listed alphabetically:
Bilal Aya Kader Slimani
Bernard Boudru L’entraîneur
Karim Hamzaoui Border policeman
Mourad Khen
Louisa Nehar Tunisienne

 

Дејство:

Кога полицијата ќе ѝ соопшти дека нејзината Елоди (Pauline Burlet), ќерка единица, 20 годишна, има заминато за Сирија да го поддржи џихадот, животот на Елизабет (Astrid Whettnall) ќе се сврти наопаку. Таа е шокирана и не може да сфати зошто заминала Елоди, бидејќи војната таму не е нивна за да се борат. Елизабет успева да стапи во контакт со Елоди, но е зачудена од лицето на младата жена која веќе не може да ја препознае. Покрај нејзините страдања, Елизабет одлучува да замине за Сирија за да ја пронајде нејзината ќерка и да ја убеди да се врати дома во Белгија. Дали мајката и ќерката ќе успеат да најдат заеднички јазик?

Road to Istanbul (La route des lacs) е трилер/драма во режија на Рашид Боучареб, француски режисер со алжирско потекло. Филмот е алжирски кандидат за 90. Оскар во категоријата најдобар странски филм.

Филмовите од режисерот Боучареб Dust of Life, Days of Glory и Outside the Law веќе биле номинирани за Оскар во категорија најдобар филм кој не е на англиски јазик, што Алжир ја чини африканска држава која имала најмногу номинации за Оскар. За сценариото му асистирала неговата поранешна соработничка Зои Галерон Zoé Galeron (Le gang des Antillais), алжирската сценаристка Yasmina Khadra (What the Day Owes the Night, The Attack, Two Men in Town) и Olivier Lorelle (Home) со кој Боучареб веќе имаше соработка на споменатата воена драма Days of Glory и мистерија/драма London River. Освен споменатите актери во филмот се појавуваат Patricia IdeAbel Jafri (The Other Half) како агент на турската полиција, Fawzi B. Saichi (ChebHymne à la gazelleElli fat mat), Bilal Aya (The Brand New TestamentEastpack), Bernard Boudru (In the Name of the SonPoint de fuiteAblations), Louisa Nehar (Outside the Law), Mourad Khen (MascaradesThe Rooftops) и Karim Hamzaoui кој е во улога на граничен полицаец. 

 

Трејлер:

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *