Линколн најавува шеста сезона на Бегство од затвор (Prison Break)

Линколн најавува шеста сезона на Бегство од затвор (Prison Break)Во април годинава можевме да уживаме во уште една, посебна сезона од некогаш популарната серија Бегство од затвор (Prison Break), а изгледа дека обожавателите не се единствените оние кои посакуваат враќање на серијата.

Откако во мај 2009 година се збогувавме од серијата, сите ги изненади веста дека омилената серија се враќа во уште една авантура со бегство од затвор. Така на почетокот на оваа година можевме да ја погледнеме петтата сезона која траеше нешто пократко (само 9 епизоди). Најавена само како кратко враќање на малите екрани, а еден од главните актери Доминик Персел (Линколн) пред некој ден го заинтригира интернетот кога на својот Инстаграм објави фотографија покрај која означи дека се работи на 6. сезона.

@prisonbreak #prisonbreak 6. In the works.

A post shared by Dominicpurcell (@dominicpurcell) on

Иако најверните фанови ова го сфатија како сигурна потврда дека новата сезона е во подготовка, не поминало долго време до службен одговор од Фокс. Така на службениот Твитер профил на сценаристот на серијата е објавено дека шестата сезона не добила зелено светло од Фокс, така што засега за жал нема ништо.

Да потсетиме, после емитувањето на петтата сезона, актерот Вентворт Милер за Холивуд Репортер рекол со што би можел да се соочува неговиот лик во новата сезона: “Тој е сега со своите најблиски, но мислам дека настаните уште долго време би го прогонувале. Параноја, несоница, анксиозност… можеби би заглавил во илегални работи. Ако постојат нови приказни за браќата, би можеле да почнеме баш таму: со тешкото враќање на Мајкл во секојдневниот живот“. Авторот на серијата Paul Scheuring се согласува дека ќе направат уште една сезона ако имаат добра приказна за неа.

Петтата сезона не наиде на некои добри критики, а вкупната гледаност ѝ беше повеќе од двојно помала отколку во најгледаните сезони. За споредба, првата и втората сезона на Prison Break имаа просечна гледаност од околу 9.2 милиони луѓе, а третата 8.2 милиони. Гледаноста во четвртата сезона падна на само 6.1 милион гледачи што и понатака беше многу повеќе од последната петта сезона која имаше само 4 милиони гледачи.

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *