Lizzie (2018)

Lizzie (2018)Во кината од јануари 2018.

Жанр: БиографскиКриминалистичкиДрамаМистеријаТрилер

/10

Година: (2017)

Држава: 

Режија: Craig William Macneill

Улоги: Chloë Sevigny, Kristen Stewart, Jay Huguley, Fiona Shaw, Jamey Sheridan, Kim Dickens, Denis O’Hare, Jeff Perry

 

Дејство:

На почетокот на 2018 година на досега најавените филсмки наслови на кои им се предвидува успех, им се придружува уште еден и тоа со две истакнати главни женски улоги – оние на Кристен Стјуарт и Клои Севињи! Актерките ќе ги олицетворат ликовите од реалниот живот и доживувањата на Лизи Борден. Lizzie е имено, позната и скоро па славна историска американска личност и тоа поради своите злочини. Нејзе ѝ суделе за убиствата на нејзиниот татко и помајка во Фол Ривер, Масачусетс 1893 година, и на крајот била ослободена од обвиненијата. Судењето ја разнишало јавноста и сите со голем интерес го следеле исходот на настаните и целата приказна. После ослободувањето, Lizzie била отфрлена од општеството, но продолжила да живее во Фол Ривер, Масачусетс. Правните органи на крајот не го процесуирале случајот до крај и не обвиниле никој друг за убиството на Ендрју и Аби Борден, така што злочинот останал извршен под превезот на тајна до ден денешен, дури после 125 години.

Во филмот Lizzie, Клои Севињи ја глуми Лизи Борден, додека Кристен Стјуарт е во улога на Бриџет Саливан, нејзина слугинка и љубовница. Филмот почнал со снимање пред две години, и до денеска не се зборувало многу за него, сѐ додека не е објавен датумот за премиера на филмот – на Санденс Филмски Фестивал. Во филмот глумат уште Ким Дикенс, Денис О’Харе, Фиона Шо, Џереми Сајкс и Џејмс Шеридан. Критичарите овој филм веќе сега го окарактеризирале како готички психолошки трилер со незаборавна романса. И баш таа романса, меѓу Кристен и Клои, е центар на филмот и низ нивниот однос, гледачите ќе ги следат случувањата кои го опкружуваат убиството и судењето. Санденс Филмски Фестивал ќе се одржи 18-28 јануари и после неговото завршување, ќе можеме да го очекуваме филмот Lizzie во кината.

Трејлер:

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *