Manhunt (2017)

Manhunt (2017)Во кината од …

 

Жанр: АкцијаТрилер

 

6.9/10

 

Година: (2017)

 

Држава:  / 

 

Режија: John Woo

 

Улоги:

Hanyu Zhang Du Qiu
Masaharu Fukuyama Yamura
Stephy Qi (as Wei Qi)
Ji-won Ha Rain
Jun Kunimura Yoshihiro Sakai
Angeles Woo Dawn
Naoto Takenaka Mamoru Ito
Yasuaki Kurata Hideo Sakaguchi
Takumi Saitô Kidnapper
Nanami Sakuraba Rika Hyakuta
Hiroyuki Ikeuchi Hiroshi Sakai
Tao Okamoto Kiko Tanaka
rest of cast listed alphabetically:
Kohji Katoh Yakuza

 

Дејство:

“Manhunt“ е акционен трилер кој ни го донесува повеќекратно наградуваниот филмски маестро, продуцент, сценарист и режисер Џон Ву, режисер на остварувањата Hard Boiled, Face/Off  и The Killer.

Du Qiu (Zhang Hanyu) е успешен адвокат од Кина кој долго време работел за Тејнин, моќна и успешна јапонска фармацевтска компанија. Истата ноќ кога најавил прекин на соработка со компанијата, на одбележување на 65-годишнина од нејзината успешна работа, ќе биде нападнат во својот дом, и после тоа ќе остане онесвестен. Следното утро се буди со нож во својата рака, во кревет покрај леш на еден од вработените во компанијата. Прогонет од страна на претставниците на законот меѓу кои е и полицаецот (Masaharu Fukuyama) кој со текот на времето ќе почне да се сомнева во неговата невиност, Ду тргнува во мисија за да докаже дека е неправедно осуден за злочини кои не ги сторил. Ќе биде принуден да се соочи со корупција, суровост и со парот наизглед непобедливи жени-убијци…

Manhunt претставува адаптација на јапонската новела “Kimi yo Fundo no Kawa o Watare” која ја напишал Juko Nishimura. Своја премиера имаше на неодамна завршениот ТИФФ каде што наиде на одличен прием. Точен датум за кино дистрибуција сѐ уште не е познат.

 

Трејлер:

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *