McMafia (2018)

McMafia (2018)Мрежа:  
Жанр: КриминалистичкиДрамаТрилер

 7.7/10

Година: (2018)

Држава:  

Автори: Hossein AminiDavid FarrMisha Glenny

Улоги: James Norton, David Strathairn, Aleksey Serebryakov, Maria Shukshina, Juliet Rylance, Caio Blat, David Dencik

 

Дејство:

Серијата McMafia е базирана според бестселерот на Миша Глени за ефектите на глобализацијата врз ширењето на организираниот криминал.
McMafia ја пишува Хусеин Амини (Drive, Our Kind of Traitor, Snow White and the Huntsman), во режија на Џејмс Воткинс (The Woman in Black).
Во оваа моќна и трогателна книга, Миша Глени нѐ води на патување по новиот свет на организиран криминал. Цели три години ги снимал приказните на вооружените криумчари во Украина, перачите на пари во Дубаи, нарко-здруженијата во Канада, компјутерските криминалци во Бразил, рекетарите во Јапонија и многу други.
Истражувајќи ја Мрачната страна, разговарал со многу гангстери, полиција и бројни жртви на организираниот криминал, во меѓувреме испитувајќи ги ненаситната потреба на потрошувачите за дрога, прокриумчарените жени, илегалните работници и оружјето на пет континенти.
Патувањето започнува со запрепастувачко, необјасниво убиство во англискиот појас на берзанските брокери и продолжува со приказните кои се често страшни, понекогаш инспирирани, обично бизарни, а понекогаш и смешни. Сите тие заедно ја отсликуваат сликата за залетот на сивата економија која расте со таква брзина, што многумина проценуваат како на неа денеска отпаѓаат 20 % од светскиот БДП.
Обично со заслуга на сензационалистичкото известување во весниците, организираниот криминал на многу начини се вовлекол во нашите животи, често и без наше знаење. Тие податоци ја откриваат природата на криминалот во светот на денешницата, а нудат и важни гледишта за замките на глобализацијата, во која законите кои го делат легалното од нелегалното се често мошне нејасни.

McMafia ни ги открива мрежите на криминал, политика и пари ширум светот кои од 1980-тите станале многу вплеткани и меѓусебно зависни, разоткривајќи сѐ пред нашите очи како некој добар, напнат криминален филм. Ги преиспитува политичките методи кои веќе не се прикладни да се занимават со проблемот, чии корени лежат во глобалниот недостиг и сѐ поголемата провалија меѓу богатите и сиромашните.

Миша Глени (1958) е познат англиски новинар и историчар. Како источноевропски дописник за Гардијан и БиБиСи известувал за падот на комунизмот и војните во поранешна Југославија. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои е наградата од СОНИ за придонес во електронското новинарство. Напишал три книги за Источна Европа и Балканот: The Rebirth Of History: Eastern Europe in the Age of Democracy (1990), The Fall of Yugoslavia (1992) и The Balkans: Nationalism, War and the Great Powers, 1804-1999 (Penguin Books, 1999).

Серијата McMafia започна со емитување од 1 јануари 2018 година.

Трејлер:

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *