Нетфликс најде нови ѕвезди за 4 сезона на Narcos

Нетфликс најде нови ѕвезди за 4 сезона на NarcosХит серијата од Нетфликс – Narcos продолжува, но повторно со нов главен актер, во овој случај актери.

Биографската криминалистичка трилер серија за свои нови главни ѕвезди ќе ги има актерите Диего Луна и Мајкл Пења. Моментално не е познато дали Педро Паскал ќе ја напушти серијата (на крајот на септември изјави дека е загрижен за безбедноста на целата екипа) или во Нетфликс одлучиле дека добро ќе им дојде уште по некое познато актерско име. Паскал во сите три сезони го глумеше ДЕА агентот Хавиер Пења чија задача беше да го приведе Пабло Ескобар, а потоа и картелот Кали.

Серијата Наркос е одлично прифатена меѓу критиката и публиката, но сѐ уште не е популарна како што се на пример House of Cards или Stranger Things. Во само три сезони дојде до големи промени во актерската екипа: освен што беше очекувано дека оригиналната ѕвезда Вагнер Мура нема долгорочно дел од неа, бидејќи го толкуваше Пабло Ескобар, после втората сезона, серијата ја напушти Бојд Холдбрук кој го глумеше Стив Марфи, ДЕА агент задолжен за случајот со Ескобар.

Диего Луна минатата година глумеше во блокбастерот Rogue One: A Star Wars Story, додека Мајкл Пења пред две години го гледавме во Марвеловиот хит Ant-Man, а летово во комедијата CHIPS. Обајцата имале помали улоги во филмови и серии, а нивната популарност нагло им порасна со спомнатите кино хитови. Не е познато во какви улоги ќе се најдат двајцата во четвртата сезона на Narcos.

Нетфликс ги претстави новите актери за серијата во свој краток тизер за четвртата сезона. Дејството во новата сезона ќе биде сместено во Мексико, а премиерата најверојатно како и секој пат, во септември идната година.

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *