Нетфликс започнува со продукција на серија според книгите The Witcher

Нетфликс започнува со продукција на серија според книгите The Witcher
Geralt of Rivia е добро познат во играчката индустрија, а сега конечно ќе се појави и на малите екрани, односно на Нетфликс!

Неодамна Нетфликс ги откупи правата за да прави серија според книгите The Witcher, и исто така Нетфликс се здружиле со CG компанија за изработка на визуелни ефекти Platige Image S.A. Истата компанија Platige Image S.A. е задолжена за правење видео филмови за игрите. Филмовите кои ги гледаме внатре во игрите ги режирал Tomasz Baginski, кој ќе биде и еден од режисерите на серијата.

Оваа Нетфликс серија започна со продукција и ќе влече инспирации од оригиналниот материјал – книгите. Полскиот автор зад серијалот книги The Witcher, ќе работи со Нетфликс за да помогне адаптацијата на книгите во серијата да помине во најдобар ред.

“Јас сум воодушевен што Нетфликс ќе работи адаптација на моите приказни, и ќе останат верни на оригиналниот материјал и темите на кои потрошив 30 години пишувајќи“, изјавил авторот Andrzej Sapkowski, кој ќе работи како креативен консултант, кој исто така изјавил “Возбуден сум поради нашите заеднички напори, како и поради тимот кој е обединет да ги доведе овие ликови во живот.

Sapkowski ја објавил првата Witcher книга, Sword of Destiny, во 1992, продолжението The Last Wish во 1993. Од тогаш серијата книги растела со Blood of Elves [1994], Time of Contempt [1995], Baptism of Fire [1996], The Tower of Swallows [1997] и Lady of the Lake [1999)]. Последната е од 2013 година Season of Storms, која вклучува кратки приказни од The Last Wish.

За оние кои не знаат, во The Witcher се работи околу група вешти ловци на чудовишта кои (преку специјален тренинг и модификација на телото) развиваат натприродни способности во младоста за да се борат против смртоносните чудовишта. Witchers имаат отпорност на болести и други инфекции, како и ноќен вид кој може дополнително да се зајакне. Тие исто така имаат зајакната сила, издржливост, рефлекси и брзина и користат знаци кои збунуваат, ослабнуваат и ги разоружуваат своите непријатели. Во комбинација со нивните Seel и Silver мечови, тие се опремени за елиминирање на секое чудовиште, но тоа не значи дека се неуништливи.

Еден од најпознатите Witcher-и е Geralt, кој се воздигнал над останатите благодарение на серијата хит видео игри. Засега уште не се знае дали Нетфликс ќе се фокусира на Гералт, се надеваме дека во некаков облик ќе се појави во серијата.

Lauren Schmidt Hissrich, извршен продуцент на Марвеловите серии The Defenders и Daredevil, ќе биде режисер и извршен продуцент на тв серијата Witcher која ја подготвува Netflix. Покрај Hissrich, Sean Daniel, Jason Brown, Tomasz Baginski и Jarek Sawko ќе го продуцираат овој голем проект.

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *