Официјален трејлер за седмата сезона на Homeland

Официјален трејлер за седмата сезона на HomelandЗа два месеци на малите екрани ни се враќа политичката трилер серија Татковина – Homeland која со досегашните шест сезони освои 40-тина разни награди вклучувајќи и пет Златни глобуси.

Ако може да се суди според првиот трејлер, нѐ очекува уште една напната и возбудлива сезона (во продолжение се откриваат, како и самиот трејлер открива спојлери).

Настаните се продолжуваат веднаш после финалето на шестата сезона кога за малку се избегна атентатот на претседателката Кин (Elizabeth Marvel). Кери (Claire Daines) истражува корупција во Белата куќа, а Сол (Mandy Patinkin) е пуштен од федералниот затвор и сега се наоѓа во Овалната канцеларија во која работи како советник на претседателката Кин.

Daines и Patinkin се веќе стандардни постојани актери и заштитен знак на серијата. Како постојана актерска постава тука се Linus Roache, Maury Sterling и Jake Weber. На екипата им се придружи и Morgan Spector како стар пријател на Кери, Данте.

Во серијата сигурно не се враќа ликот на Питер Квин (Rupert Friend) кого сценаристите и продуцентите јасно и гласно го отстранија од серијата во финалето на шестата сезона. Квин беше еден од омилените ликови во серијата после Николас Броди, и многу обожаватели не беа среќни со таков расплет на настаните.

Татковина со седмата сезона се враќа на 11 февруари 2018 година и повторно ќе има 12 епизоди. Во план е и осма сезона која ќе се емитува во 2019 година.

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *