Pet (2018)

Pet (2018)Мрежа: 

Жанр: КриминалистичкиТрилер

/10

Година: (2018)

Држава: 

Автори: Balsa Djogo, Strahinja Radetic

Улоги: Jelena Djokic, Hristina Popovic, Marija Karan, Gala Videnovic, Milena Radulovic, Miodrag Dragicevic, Nebojsa Dugalic, Jovan Savic, Igor Bencina, Viktor Savic, Nikola Djuricko, Nikola Ristanovski, Nebojsa Glogovac, Slavko Labovic, Nenad Stojmenovic, Boris Komnenic, Gorica Popovic, Svetozar Cvetkovic, Bojan Dimitrijevic, Nina Jankovic, Radovan Vujovic, Boris Pingovic, Zarko Lausevic, Dragana Varagic, Slobodan Custic, Nikola Kojo, Slobodan Bestic, Srdjan Miletic, Ivana Vukovic, Maja Susa, Nebojsa Bakocevic

 

Дејство:

Пет млади жени се главните протагонистки во оваа серија со криминалистички заплет. Сплет на околности, другарки од детството, после многу години ќе ги спои во центар на пресметка на криминални кланови. Животите кои ги живееле пред тоа ги, а и не ги подготвиле за она што ќе им се случува.

Пред нив, од онаа страна на законот во некои луди години зад нас, биле нивните браќа, татковци, момчиња, сопрузи…
Останале без нив и кога поверувале дека поминало тоа време, се случило нешто после што веќе не ни можеле да бираат. Не се спремале за тоа, не знаат како да се однесуват, но грижата за децата, лојалност на пријателството од детството и женската интуиција од нив ќе направат опасни и непредвидливи противници кои никој не ги очекувал на криминалната сцена. Скоро како суперхероини, тие иако се послаби, знаат како да победат.

ТВ серијата Pet говори за пет современи жени, на кои неочекувани настани дополнително им ја отежнале борбата со сите предизвици кои сегашните времиња со себе ги носат. Борбата во која се впуштаат петте жени заедно ќе бара од нив да ги напуштат сите стереотипи кои постојат за понежниот пол. Тие мораат да бидат силни, опасни и понекогаш сурови, мораат да бидат одлучни во спротивставување на насилството. Тие пет жени создаваат свои правила, тие се жени кои мораат да победат во машкиот свет, за нив единствената опција им е успехот.

Оваа храбра и шармантна петорка ја глумат Јелен Ѓокиќ, Христина Поповиќ, Марија Каран, Гала Виденовиќ и Милена Радуловиќ.

Серијата Pet доследно го следи духот на средината и времето во кое живееме, со изразени елементи на драма и возбудливи криминалистички приказни. Приказната се одвива на Дорќол, најстарото јадро на Белград – во крајот на градот кој има посебни кодекси за однесување и сопствени сурови правила на играта.

Нина, Алекс, Тили, Каќа и Соња се другарки од мали нозе кои животот ги одвел на различни страни. Повторно ќе се сретнат кога во една ноќ ќе се промени сѐ. Мажот на Нина е убиен, а зад себе оставил огромно богатство кое ѝ го препишал нејзе. Сама и незаштитена, Нина сфаќа дека примамливото богатство за другите претставува јамка околу нејзиниот врат. Затоа таа бара и добива од своите другарки помош во борбата неочекуваното богатство да не стане плен на криминалците, туку да се сочува за благородна намена.

Голема, бајковна, робинхудовска идеја која ја има Нина, ќе ги пробуди и нејзините четири другарки и тие да побараат вистинска смисла во своите животи, нешто поради кое вреди да се ризикува.

Премиерата на серијата Pet е планирана за 1 јануари на каналот РТС1 во 20:00 ч.

Трејлер:

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *