Познат е датумот кога почнува серијата Krypton

Неколку години откако е најавена серијата Krypton, Syfy конечно го одреди датумот на премиерата.

На службениот Твитер профил на серијата е објавено видео од неколку секунди, кое всушност не открива ништо освен датумот – 21 март.

Серијата ја потпишуваат David S. Goyer и Ian Goldberg, а дејството е сместено две генерации пред уништувањето на родната планета на Супермен, Krypton.

Серијата го следи Seg-El (Cameron Cuffe), дедо на легендарниот Човек од челик, кој се наоѓа пред животно важна одлука: да ја спаси својата планета или да дозволи да биде уништена за да не поремети судбината на својот иден внук.

Водството на Krypton е во несогласување, а куќата на семејството El е посрамотена и изопштена и Seg се наоѓа во тешка позиција. Мора да ја врати честа на своето семејство и да ги заштити своите сакани додека го искушуваат познатите DC ликови како што се Brainiac (Blake Ritson) и патникот низ времето Adam Strange (Shaun Sipos).

Во серијата Krypton исто така глумат Georgina Campbell, Ian McElhinney, Rasmus Hardiker, Elliot Cowen и Wallis Day.

Познат датумот кога почнува серијата Krypton

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *