Slava aka Glory (2016)

Slava aka Glory (2016)Во кината од декември 2016.

 

Жанр: Драма

 

7.7/10

 

Година: (2016)

 

Држава:  / 

 

Режија: Kristina GrozevaPetar Valchanov

 

Улоги:

Stefan Denolyubov Tzanko Petrov
Margita Gosheva Julia Staykova
rest of cast listed alphabetically:
Ana Bratoeva Ani
Nadejda Bratoeva
Nikola Dodov Fuel Thief #1
Stanislav Ganchev Misho
Mira Iskarova Galya
Milko Lazarov Kiril Kolev
Hristofor Nedkov Porter
Dimitar Sardzhev Cameraman
Ivan Savov Minister Kanchev
Tanya Shahova Pepa
Dr. Georgi Stamenov Himself
Deyan Statulov Ivan
Decho Taralezhkov Krasi
Kitodar Todorov Valeri
Nikolay Todorov Young Inspector

 

Дејство:

Glory (Слава) е драма во грчко-бугарска копродукција која ја режирале Кристина Грозева и Петар Валчанов. Претставува нивна трета соработка после драмата The Lesson од 2014 и кратката комедија/драма Skok од 2012.

Дејството во филмот го следи Цанко Петров, осамен бугарски работник на железница со говорна маана кој пронаоѓа пари во милионска сума, а пронаоѓањето го пријавува уредно во полиција. Цанко поради својот потег со посредство на медиумите ќе биде прикажан како чесен и херој на работничката класа, а на јавна церемонија како награда ќе му биде врачен дигитален часовник кој недолго после тоа престанува да работи. Водителката во одделот за односи со јавноста во Министерството за транспорт, Јулија Стајкова, го користи овој настан за да избегне корупциски скандал, а стариот часовник на Цанко, кого по повод на церемонијата го симнува од неговата рака и покрај неговото негодување, го губи. Откако ќе побара да му се врати стариот часовник, Цанко станува жртва на бирократијата и тргнува во очајничка борба да си го поврати сопственото достоинство и часовникот кој за него имал сентиментална вредност…

Филмот говори за корупција која достигнува до самата влада, поделеноста на бугарското општество на богати и сиромашни, работниците кои остануваат без своите плати и претприемачите кои постојано ги игнорираат криминалните активности. Досега овој филм освои 32 награди на фестивали во Бугарија, Ирска, Шкотска, САД, Франција, Луксембург, Белорусија, Романија и Литванија, а награден е и на фестивалот во Локарно. Филмот Slava е бугарски претставник за претстојната 90 церемонија за доделување на наградите Оскар.

 

Трејлер:

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *