Тарантино бара R (18+) рејтинг за својот Star Trek

Тарантино бара R (18+) рејтинг за својот Star TrekПосле веста дека Квентин Тарантино работи на нов Star Trek филм со JJ Abrams, дознаваме и дека Тарантино поставил еден битен услов пред да почне да го снима филмот. Ексцентричниот режисер ќе се обиде научно-фантастичниот серијал да го претстави во многу позрел и помрачен тон.

Имено, режисерот барал да сними филм ро R (18+) рејтинг и наводно тоа му е одобрено од Парамаунт, иако трите последни филма носеа рејтинг PG-13. За главен сценарист, изборот најверојатно ќе падне на Марк Л. Смит кој го напишал The Revenant од 2015 година.

Одлуката за тоа кој дефинитивно ќе го пишува сценариото за новиот Star Trek би требало наскоро да биде донесена, така што идејата на Тарантино да биде ставена што поскоро на лист, додека тој работи на својот филм за семејството Менсон, сместен во 1969 година.

Додека го очекуваме најновиот Star Trek од Тарантино, погледнете ја новата серија Star Trek: Discovery.

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *