Tempestad (2016)

Tempestad (2016)Во кината од октомври 2017.

Жанр: Документарен

7.9/10

Година: (2016)
Држава: 
Режија: Tatiana Huezo
 

Дејство:

Филмот Tempestad кој го режирала мексиканско-салвадорската режисерка Tatiana Huezo, позната по наградуваниот документарен филм The Tiniest Place, следи две жени, Миријам Карбајал и Адел Алварадо, кои станале жртви на неправда и корупција во Мексико.

Ноќниот кошмар за младата Миријам започнал на 2 март 2012 кога заедно со неколкумина нејзини колеги од работа, полицијата ги одвела од работното место во Канкун – во Мексико Сити каде е невино обвинета за организиран криминал и трговија со луѓе. Откако поминала 80 дена во ќелија за привремено задржување, таа е префрлена во приватен затвор во Матаморос, во близина на границата со Централна Америка. Со овој затвор управувал картелот Гулф, чии членови ги мачеле затворениците барајќи откупнина од нивните семејства. Семејството на Карбајал не е богато, но успеало да изврши исплата. Иако после тоа е ослободена, Карбајал останала прогонета од судбината и болката на оние кои немаат финансиска поддршка како што е Мартин, млад имигрант од Централна Америка, кого членовите на картелот го претепале на смрт.

После триесет минути во филмот, Хуезо ја преклопува приказната на Миријам со приказната на средовечната Адел Алварадо која работи како кловн во циркусот кој го води нејзиното семејство. Нејзината дваесетгодишна ќерка Моника ја киднапирал син на корумпиран полицаец. Властите повеќе ѝ попречувале на истрагата отколку што помагале, а киднаперите се заканиле дека ќе ја убијат Моника доколку не запре потрагата по неа. Моника веќе десет години се води како исчезната.

Tempestad (Бура) е прикажан во склоп на Берлинале каде бил одлично примен како од страна на критиката, така и од страна на публиката. Претставува приказна за моќта на љубовта, како и приказна за достоинство и отпор. Филмот Tempestad е мексикански кандидат за 90-тите Оскари, во категорија најдобар филм на странски јазик.

 

Трејлер:

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *