The Chi (2018)

The Chi (2018)Мрежа: 

Жанр: Драма

/10

Година: (2018)

Држава: 

Автори: Lena Waithe

Улоги: Jason MitchellJacob LatimoreNtare Guma Mbaho MwineAlex HibbertYolonda RossArmando Riesco, Tiffany Boone, Sonja Sohn, Jahking Guillory, Steven Williams

 

Дејство:

Шоутајм ќе ја започне 2018 година со премиера на првата сезона од својата нова едночасовна драмска серија The Chi која ја креирала добитничката на наградата Еми Lena Waithe (Magistar of None).

The Chi е приказна за израснување која следи група афроамериканци од работничка класа, а кои се населени во небезбедните јужни предели на Чикаго. Меѓусебно со текот на времето ќе ги поврзе потребата за дружење и искупување.

Серијата говори за моќта на човечкиот дух и надежта која никогаш не умира. Актерската постава ја сочинуваат Jason Mitchell (Kong: Skull IslandMudboundStraight Outta Compton), Jacob Latimore (Sleight), Ntare Guma Mbaho Mwine (BoostQueen of Katwe), Alex Hibbert (Moonlight), Yolonda Ross (Treme, The Get Down), Armando Riesco (Bull, Power) и Tiffany Boone (The Following).

Кевин (Hibbert) е момче кое зад себе мора да ги остави илузиите од минатото и да проба да живее нормален живот, а Џејсон Мичел е сонувачот Брендон кој е вљубен во својата девојка Џерика (Boone). Емет (Latimore) е безгрижен тинејџер кој ќе биде принуден да стане посериозен поради својата мајка Џејд (Ross), а Рони (Mwine) е скитник кој постојано се бори да сака и да биде сакан. Во серијата се појавуваат и Sonja Sohn (Shut Eye, The Wire), Jahking Guillory (Kicks) и Steven Williams (The Leftovers).

Премиерата на првата сезона на серијата The Chi е закажана за 7-ми јануари, а ја режирал наградуваниот Rick Famuyiwa, режисер на врвната криминалистичка комедија/драма Dope од 2015 година.

Трејлер:

 

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *