The Punisher доби втора сезона!

The Punisher доби втора сезона!Ниту една Марвелова серија на Нетфликс досега не е откажана, а серијата Punisher сигурно нема да биде првата бидејќи тукушто стигна одобрение за втора сезона.

Не поминаа ни месец дена од 17-ти ноември, кога серијата, во чија главна улога се наоѓа Jon Bernthal, со сите свои 13 епизоди пристигна на Нетфликс, а веќе добива одобрение за втора сезона. Но пред да добие сопствена серија, Punisher имавме прилика да го гледаме во втората сезона на серијата Daredevil.

Ликот на поранешниот војник Френк Касл првпат е претставен во Марвеловиот стрип The Amazing Spider-Man во 1974. година. Тој после завршената воена кариера тргнува во немилосрден поход на криминалното подземје откако ќе му ги убијат жената и двете деца, и така станува Punisher.

Со оглед на количината насилство, претставувањето на серијата на овогодишниот Comic-Con во Њујорк во октомври беше одложено поради престрелките кои пред неколку дена се случиле во Лас Вегас.

Освен Bernthal во главната улога, во серијата ги гледавме и Deborah Ann Woll, која ја репризираше својата улога на Карен Пејџ од Daredevil, како и Ben Barnes од Westworld, кој играше во улогата на Били Расо, поранешен соборец на Френк, и Ebon Moss-Bachrach во улога на Дејвид Либерман, познат како Микро.

He's just getting started. The Punisher will return for Season 2.

Публикувахте от Marvel's The Punisher в 12 декември 2017 г.

 

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *