The X-Files (1993)

The X Files (1993)Мрежа: 
Жанр: ДрамаМистеријаНаучна-ФантастикаТрилер

8.7/10

Година: (1993)

Држава: 

Автори: Chris Carter

Улоги: David Duchovny, Gillian Anderson, Mitch Pileggi, William B. Davis, Karin Konoval, Barbara Hershey

 

Дејство:

Серијата The X-Files истражува тајни податоци за посета на вонземјаните на Земјата, паранормални искуства – всушност сето она што е непознато за јавноста според мислењето на ФБИ. Тајниот агент Мулдер ги истражува тие случаи, а како помош му е доделена агентката Скали. Дејвид Духовни прилично брзо е избран за улогата на Мулдер, но актерката која ќе ја претставува Скали ја барале многу подолго. Иако почнала да се емитува во есента 1993 година, продуцентите останале резервирани во текот на целата прва сезона. Големиот одѕив на публиката ги убедил дека во нивните раце имаат исклучителен материјал, па серијата е емитувана непрекинато следните 10 години, до 2002 година. Во 2016 серијата повторно продолжи со својата 10-та сезона, со нови 6 епизоди, а единаесеттата ќе започне на 3-ти јануари 2018 со нови 10 епизоди, и воедно е најавена и 12-та сезона.
Главната актерка Џилијан Андерсон најавила дека нема повеќе да учествува во серијата после 11-тата сезона, бидејќи смета дека приказната во 10-тата сезона не била довршена, но после тоа смета дека публиката ќе добие сѐ што и очекувала, и веќе не гледа причина за да продолжи да глуми во серијата.

Од својата американска премиера во 1993 година The X-Files освоила 16 Еми награди и пет Златни глобуси.

Трејлер:

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *