Wormwood (2017)

Wormwood (2017)Мрежа: 

Жанр: ДокументаренБиографски


8.1/10

Година: (2017)

Држава: 

Автори: Errol Morris

Улоги: Peter Sarsgaard, Christian Camargo, Scott Shepherd, Molly Parker, Jimmi Simpson, Bob Balaban, Tim Blake Nelson, John Doman, Hillary Gardner, Michael Chernus, Jack O’ConnellChance Kelly

 

Дејство:

Wormwood е биографско-документарна серија која ја режирал оскаровецот Ерол Морис, режисер на документарните филмови Gates Of HeavenThe Thin Blue LineA Brief History of Time и The Fog of War: Eleven Lessons from the Life of Robert S. McNamara. Шансата со посредство на шест епизоди да ја претстави својата нова фасцинантна приказна му ја пружи стриминг сервисот Нетфликс.

Со актерска постава која ја сочинуваат Peter Sarsgaard, Christian Camargo, Scott Shepherd, Molly Parker, Jimmi Simpson, Bob Balaban, Tim Blake Nelson, John Doman, Hillary Gardner, Michael Chernus, Jack O’Connell и Chance Kelly, серијата Wormwood ни донесува вистинска приказна во која била вклучена ЦИА и која говори за ЛСД експерименти, контрола на умот и смртта. Ги истражува границите на сознанијата за минатото и говори за потрагата по вистината. Го следи човекот кој со години трага по мистериозни околности околу смртта на неговиот татко. Комбинирајќи виртуозна изведба на Питер Сарсгард со оригиналниот стил на Морис на водење интервјуа, режисерот следи мистериозен случај на човековата шеесетгодишна потрага од секој можен агол и на гледачите во лице им ја плеска вистината за една од најмрачните тајни на САД, поставувајќи така нови стандарди на филмската креација.

За Морис, Wormwood била шанса да дознае колку е висока цената за трагање по вистината, посебно кога таа вистина ја штитат големи моќници. Морис за серијата Wormwood изјавил:

Нели новинарство е трагање по вистината? Но што ако се испостави дека се работи за една вистина која е непријатна и до која е тешко да се стигне? Колку далеку треба да одиме? Каде треба да запреме? Постојат ли ограничувања, емоционални и разни други, во потрага по вистината? Може ли таа потрага да биде штетна по здравјето? Овде имаме приказна за 60-годишна потрага на еден човек за да ги утврди околностите околу смртта на својот татко. Дали скокнал од прозорецот на хотелот? Или некој го турнал? Ако е турнат, зошто? Поради што? Ова е темен свет на скриени намери поврзани со темни и ужасувачки откритија. На многу начини, претставува лична семејна приказна, но на многу други начини, приказна за американската пропаст во периодот после Втората светска војна. Поставува прашање: Во која мера демократијата може да биде во служба на граѓаните и сѐ уште да остане демократија во вистинска смисла на тој збор?

Серијата Wormwood со посредство на Нетфликс ќе биде достапна од 15 декември.

Трејлер:

Можеби ќе ви се допадне:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *